Поради тоа што денеска има висока делегација од Германија, на чело со претседателот Штајнмајер, приватните превозници одлучија  синоќа да се повлечат од пред „Мавровка“ и да ја одблокираат крстосницата. Сепак, Ленин Јоваковски од „Слобода превоз“ вели дека доколку до петок не биде постигнат никаков договор со ЈСП Скопје и Данела Арсовска, тогаш ќе ги блокираат сите крстосници.

Според него, точно кои се крстосници и фрекфентни улици и булевари ќе бидат блокирани во петок, ќе се знае откако претставници на приватните превозници ќе се договорат и ќе одлучат кои се чекори ќе ги превземат понатаму. Сепак, како што истакна Јовановски, граѓаните за секоја нивна одлучат ќе бидат навремено информирани.

– Возачите на автобусите се револтирани. Наместо да се обидеме сите засегнати страни да најдеме соодветно решение за настанатата ситуација, градоначалничката Данела Арсовска шири невистини за нас – вели првиот човек на „Слобода превоз“ кој вели и дека и покрај сите тврдења, тие како групација поседуваат 131 автобус, а приватните превозници од „Макекспрес“ пак располагаат со 77 автобуси.