Од понеделник без работа ќе останат 60 вработени во скопската општина Бутел. Новиот градоначалник на Бутел, Дарко Костовски, преку социјалната мрежа Фејсбук објави дека ја одобрил одлуката за отпуштање на 60 лица бидејќи 30 од нив со години не оделе на работа, некои одат од време на време, а некои други биле редовни, но немаат обврски за работа.

Сите овие лица се вработени на одредено време, додека во сабота им истекува договорот, пишува Косотовски. Според него, општинската администрација треба да биде професионална и ниту еден вработен да не остане без работни обврски.