Од Канцеларијата за човекови права на ОН изразија загриженот поради непостоење на систем за враќање на украинските деца одземени од Русија по инвазијата на Москва на Украина и од тоа што тие кои се вратиле соопштуваат за суров третман врз нив.

Украинските власти соопштија дека идентификувале речиси 20.000 деца кои за време на војната биле однесени во Русија. Украина досега извршила репатријација на повеќе од 400 деца но не знае уште колку точно се останати.

-Канцеларијата на Високиот комесар  за човекови права на ОН (ОХЦХР) е сериозно загрижена од непостоење на систем за враќање на украинските деца кои биле транспортирани во други регион на од Русија окупираните територии или во Руската Федерација, изјави Нада Ал-Нашиф, заменик на Високиот комесар.

-Некои од децата кои се одново се обединиле со своите семејства откако нивните роднини заминале за Русија за да ги најдат некои кажале дека лично преживеале или биле сведоци на психолошко или физичко насилство од страна на образовните институции, изјав Ал Нашиф.

Москва негира дека со сила ги земала украинсите деца и дека тоа биле оние кои живееле во детски домови или деца останати без родители а поради нивна сопствена безбедност.

Меѓународниот кривичен суд на почетокот на годинава го обвини рускиот претседател Владимир Путин и негова помошничка за воени злосторства –  незаконска депортација на украински деца.