Поради загриженост за безбедноста на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден, ФБИ побара да се проверат сите 25.000 припадници на Националната гарда кои доаѓаат во Вашингтон за време на инаугурацијата. Тие се загрижени дека е можен “внатрешен напад” или закана што може да дојде од припадниците на службата што ќе биде задолжена за чување на новоизбраниот претседател на САД Џозеф Бајден за време на инаугурацијата на 20 јануари
Се појави зголемена претпазливост поради немирите што се случија на 6 јануари, кога пет лица беа убиени при упад на приврзаниците на претседателот во заминување Доналд Трамп во зградата на Конгресот во Вашингтон, објави АП.
Министерот за одбрана Рајан Мекарти за АП изјави дека безбедносните служби се свесни за потенцијалните закани и ги предупреди командантите на единиците да бидат дополнително претпазливи со приближувањето на инаугурацијата, но командантите досега не забележале никаква закана.
Националната гарда започна да пристигнува во Вашингтон минатата недела и додаде дека ќе биде завршена до среда.