Кошаркарските судии во НБА лигата ќе треба да се вакцинираат против корона вирусот, за да можат да судат натпревари во сезоната 2021/2022, објави денеска НБА лигата.
Само во специјални случаи, лигата ќе дозволи да суди некој што не е вакциниран.
Оваа одлука е донесена во соработка со синдикатот на судии со можност да биде направен исклучок за лицата кои од медицински или верски причини не можат да го сторат тоа.
Лигата одлучи дека персоналот што ќе биде во контакт со играчите мора да биде вакциниран.
Покрај тренерите и физиотерапевтите, директивата вклучува и новинари, фоторепортери и обезбедување што ќе бидат лоцирани во близина на играчите, објави ЕСПН.
Уште не е донесена одредбата за задолжителна вакцинација на играчите, а лигата ќе преговара со синдикатот на играчи. НБА лигата започнува на 19 октомври со средбата на Милвоки и Бруклин.