До 21 јануари угоститеските објекти ќе продолжат да работат со скратено работно време до 18 часот. Министерот за здрасвтво Венко Филипче вели дека по завршување на прославите и верските празници рестораните ќе работат до 21 часот.
Филипче најави дека ќе го разгледа барањето на угостителите полсе 21 јануари рестораните да работат до 23 часот.
Во врска со епидемилошката ситуација во земјата, Филипче вели дека е прилично стабилна и дека значајно се намалува бројот на хоспитализиани пациенти.
„Верувам дека ќе остане вака, верувам овие прекршувања на мерките навистина не беа чести и не беа многу, гледавме по телевизиите и мислам дека сме во еден период на стабилна епидемиолошка слика во која што добро се менаџираат и делот на симптоматски пациенти на коишто им е потребно тестирање“, рече тој.
Според него, во сите јавни здравствени установи има доволен број болнички кревети и медициснки персонал за третман на пациентите.