Владата на Хамас во Појасот Газа денеска соопшти дека во израелските напади оваа недела врз бегалскиот камп Џабалија, загинале 195 луѓе.

– Жртвите на првиот и вториот масакр во Џабалија надминаа 1.000, вклучително и маченици и повредени, се наведува во соопштението на владата на Хамас.

Во соопштението се посочува дека помеѓу загинатите се 195 маченици, 120 се водат како исчезнати под урнатините и 777 се повредени