Европа е првиот регион во светот со преку 500.000 починати лица од ковид-19, граница што е надмината во момент кога е откриен нов вид на коронавирус во Велика Британија кој се заканува да ги осуети мерките за сузбивање на пандемијата.

Според евиденцијата на некои западни медиуми, Европа потврдила околу 30 отсто од смртните случаи во светот. Бројот на починати од ковид-19 на Стариот континент драстично се зголеми во претходните месеци.

Откако првиот смртен случај беше регистриран во февруари во Франција, поминаа осум месеци додека бројот на починати во Европа достигна 250.000, а за само 60 дена се зголеми на 500.000.

Франција, Шпанија, Италија, Велика Британија и Русија регистрираа стотици илјади починати пациенти од ковид-19 и во тие земји се 60 отсто од сите смртни случаи во Европа.

Во светот моментно се заразени 77,52 милиони луѓе, а починале 1.710.000 милиони лица од последици на коронавирусот.