Во Македонија присутна и подваријантата на омикрон со назив „стелт“.
Според информациите, оваа подваријанта е регистрирана кај 5 примероци, a биле детектирани преку специфична RT-PCR анализа со крива на топење.
До сега во земјава потврдени се вкупно 255 случаи на зараза со сојот „Омикрон“, објавија од Институтот за јавно здравје. Завчера и Хрватска го потври првиот случај на заразен со подваријанта на омикрон-сојот BA.2.