Вкупно 22 лица починале како последица од инфекција со Ковид и покрај тоа што се вакцинирале, објави „Фактор“ повикувајќи се на официјални информации добиени од Министерството за здравство.

Како што пишува „Фактор“ од овие 22 лица кои починале 17 се разболеле во првите 14 дена по примањето на вакцината па се претпоставува дека и во моментот кога ја примиле веќе биле носители на вирусот.

Инаку од околу 216.000 вакцинирани вкупно се заразиле 664 граѓани и покрај тоа што веќе биле имунизирани.

Најголемиот дел и од оваа група на луѓе се заразиле во првите 14 дена по примањето на првата доза па и за нив се претпоставува дека најверојатно биле во период на инкубација кога ја примиле вакцината.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.