Од 50 до 80 проценти е намален бројот на вработени во угостителскиот сектор. Поради недостигот од квалификувани келнери, рецепционери и готвачи, во хотелите и рестораните има опасност и оваа година да имаме лоша туристичка сезона, велат од Стопанската комора. Во наредниот период ќе се организираат обуки за преквалификација и докфалификација на потребниот кадар, со цел колку толку да се надомести кадарот коj што недостасува.

Advertisements

„Подготвивме четири програми за двомесечни обуки за преквалификација и доквалификација за потребите на угостителскиот кадар. Фокусот е ставен на практичниот дел кој ќе се спроведе исклучиво во угостителски објекти од лица практичари кои се вработени во угостителските објекти кои ќе обучуваат според потребите на угостителскиот објекти“, рече Даниела Михајловска Василевска- Стопанска комора.

Од Комората велат дека е потребно државата и натаму да дава помош за да може угостителскиот сектор да ја преброди кризата.

„Бизнис секторот укажува дека поддршката од Владата е потребна не да се заработи, туку исклучиво и едноставно компаниите од секторот да не пропаднат, бидејќи и тие сега во услови кога и не работа и кога немаат доволно активност држеа значаен дел од вработените. Губењето на кфалификуваниот кадар ја доведува во прашање пазарната позиција на Северна Македонија како туристичка дестинација на меѓународниот пазар“, рече Ана Таневска Ѓеорѓиевска- Туристичо- угостителска комора.

Поради неизвесноста од пандемијата и неработењето на хотелите и рестораните, вработените заминале да работат во други сектори како транспорт и градежништво, велат од Комората. Според нивата анализа, од почетокот на кризата од 4 илјади до 20 илјади вработени го напуштиле овој угостителскиот сектор.

Андреа Чобанова