Граѓаните на интернет најчесто пристапуваат преку своите мобилни телефони, а најпосетувани страници се Гугл и ЈуТјуб. Околу 57,6 проценти од населението во Македонија или 1,2 милиони граѓани во 2020 година активно ги користеле социјалните медиуми. Најголемиот дел од нив 97,2 проценти за пристапување на социјалните медиуми ги користеле своите мобилни телефони, покажуваат податоците на Глобалниот дигитален извештај 2021.
Над 76 проценти од граѓаните на возраст над 15 години во 2020 година рекле дека имаат електронска сметка од некоја банка, наспроти само 20 проценти кои рекле дека купувата и плаќаат сметки преку интернет.
Според извештајот достапен на DataReportal.com, 82 проценти или 1,71 милион луѓе користеле интернет во Македонија во 2020 година, што е раст од 1,2 проценти во однос на 2019 година.
Најголем дел од корисниците на интернет пристапувале од своите мобилни телефони – 56,4%, наспроти 42,5% од десктоп или лаптоп компјутер. Само 1,1 процент за сурфање на интернет користеле таблет уред, додека 0,04 % тоа го правеле од некоја конзола за играње.
За пребарување на интернет од било кој уред граѓаните најмногу го користеле Гугл хром – 77,8 проценти, потоа Сафари – 10,9 проценти, Мозила Фајарфокс – 4,3 проценти, Самсунг интернет – 2.9%, Мајкрософт Едџ – 1,8%, Опера – 1,3% и Интернет Експлорер – 0,5 проценти.
Најмногу од граѓаните или 81 процент користат Андроид смартфон, додека 18,8 проценти Епл. Интересно е дека Епл во изминатата година бележи раст од 31 процент, додека Андроид пад од 5 проценти на вкупниот број на корисници во нашата земја.
Македонските граѓани во 2020 година на интернет најмногу ги посетувале Гугл, ЈуТјуб, Реклама5, Тајм.мк и Фејсбук, додека најчесто пребарувани поими на Гугл се – превод, Гугл, Фејсбук, ЈуТјуб, резултати, временска прогноза …,
Најпребарувани поими на видео платформата ЈуТјуб се задруга, филм, ГП, Преспав и музика, а во топ 20 се и Биби, Дајте музика и Фортнајт.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.