До 14 часот имапло повеќе од 20 пожари на отворен простор, од кои шест се активни, четири се под контрола, а останатите се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
АКТИВНИ: 6
1. Oпштина Василево, Општина Радовиш и Општина Берово: с.Нивичино на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
2. Општина Прилеп: с.Бешиште, местo викано Бешишки Рид другиот крак према с.Градешница (мешана шума);
3. Општина Македонски Брод: с.Црешнево (ниска вегетација);
4. Општина Штип: помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева);
5. Падините на планината Плачковица, Општина Карбинци, атар на с.Јунузлија (шума);
6. Општина Зелениково: с.Гумалево (ниска и мешана вегетација).
ПОД КОНТРОЛА: 4
1. Општина Прилеп: помеѓу селата Царевиќ и Смолани, м.в.Радобилски рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација);
2. Општина Македонски Брод 1: помеѓу селата Локвица, Крапа и Црешнево (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
3. Општина Македонски Брод 2: село Грешница (мешана шума и сува трева);
4. Општина Желино: помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)./ Макфакс