Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Македонија и на Велика Британија ќе биде потпишан денеска во Лондон.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вчера кажа дека со договорот на Македонија на располагање и се ставаат 6 милијарди евра кои ќе бидат наменети за пректи во делот на транспортот, здравството, образованието, енергетиката, технологијата, како и во областа на животната средина.
Засега се разговарало за три сета на проекти, едниот е брзата пруга на коридор 10 од Табановце до Гевгелија, вториот е изградба и реконструкција на болници во Кичево, Тетово и Штип и третиот е изградба на медициски факултет заедно со студенски дом во Штип.
Договорот ќе оди на ратификација во Собранието, а во Велика Британија го усвојува Владата.
Текстот Во Лондон денеска ќе биде потпишан договорот меѓу владите на Македонија и на Велика Британија е превземен од МАКФАКС.