Пожарот кој утринава беше активен во селата Бељаковце и Довезенце е изгаснат.

-Во моментов на територија на општина Куманово нема активни пожари. Благодарност до сите тимови кои пет дена работеа на гасењето на пожарите во Куманово и регионот. Остануваме во приправност и подготвени да помогнеме на другите општини, вели градоначалникот Максим Димитриевски.

Само во текот на вчерашниот ден на територијата на Куманово за помалку од еден час избувнале осум пожари. Има материјална штета, изгореле куќи, помошни објекти, добиток и голем простор на шума. За среќа нема човечки жртви ниту повредени.

Во гаснењето на пожарите учествуваа ТППЕ Куманово, АРМ, МВР и цивилното население