Во периодот од 14 до 20 часот вчера на подрачјето на СВР Куманово полицијата спровела акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 53 возачи.
Полицијата соопшти дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.