Состојбата со Ковид-19 во Детската болница Козле е стабилна, уверува директорот Бесник Зеќири.

Како што вели, во моментов во нивните болнички капацитети се лекуваат 19 деца заразени од коронавирус.

Најмладиот хоспитализиран пациент има само 4 недели, а највозрасниот е на 16 годишна возраст. Четири деца се на кислородна поддршка.

Зеќири ги повика родителите да се вакцинираат, со цел да се спречи пренесувањето на вирусот кај децата.