Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 59 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 578 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на Клиниката за Пластична хирургија.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 1 бил примен на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 262 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 121 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.На Клиниката за детски болести има 16 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки.
Вкупно 578 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 45 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.