Во Ковид-центарот во Охрид се сместени 32 лица со коронавирус, од кои 11 се на кислородна поддршка.
Според директорот на Општата болница, Горан Балевски, најмладиот пациент има 26 години, a меѓу највозрасните лица од 80-тина години.
Балевски вели дека потешка форма на болеста имаат невакцинираните пациенти.
Во Модуларната болница во моментов има 17 слободни легла.
Од вчера вакциналниот пункт во Охрид е релоциран во објектот за психофизичка подготовка на трудници. Покрај граѓаните на Охрид, во овие три дена се вакцинираат и вработените во локалните здравствени установи кои досега не биле вакцинирани.