Косовската полиција соопшти дека во раните утрински часови бил опожарен автомобил со таблички РКС (Република Косово) сопственост на припадници на српската заедница од Зубин Поток. Ова е четврти случај на палење имот на лица со регистарски таблички РКС, што косовските власти го карактеризираат како „заплашување“. Последен пат сличен инцидент се случи на 27 октомври, кога на територијата на општина Лепосавиќ беше запален автомобил кој беше пререгистриран во РКС. Од косовската полиција наведуваат дека остануваат посветени на спроведувањето на законот, а наведуваат дека случајот со палењето на автомобилот ќе се истражува и расветлува. „Ги повикуваме сите граѓани, без разлика, на соработка со косовската полиција, која континуирано ќе се грижи за безбедноста на сите граѓани со цел да се зачува редот и јавниот мир и да се откријат ваквите кривични дела“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе