Косовскиот институт за јавно здравје синоќа потврди дека во Косово е регистрирана новата варијанта на коронавирусот Омикрон, во вкупно девет случаи досега, јави Бета.
Во лабораторијата за молекуларна микробиологија на Институтот вчера биле тестирани 22 позитивни примероци собрани во периодот од 15 до 25 декември, од кои за девет е потврдено дека се Омикрон.
Претставници на Институтот прецизираат дека два случаи се регистрирани кај лица кои дошле во Косово од САД, два кај лица од Лондон и еден од Франција. Четири случаи се потврдени кај лица од Јужна Митровица и се работи за лица рекле дека не патувале никаде ниту имале контакт со лица кои не се од Косово.
Институтот, заедно со косовското Министерство за здравство, ги повика граѓаните строго да се придржуваат до анти-ковид мерките и да се вакцинираат.