Група тинејџери претепала негувател во Вортинг во Западен Сасекс, откако тој се обидел да го спаси својот 11-годишен син од малтретирање додека бил во парк.
Ален Вилсон (46) притрчал од својот дом до паркот Лонгкровт кој бил во близина, откако слушнал дека група на силеџии го малтретираат неговиот син. Но кога се обидел да интервенира, тие со непознатпредмет го удриле по главата и се онесвестил пред очите на неговиот син.
Тој претрпел повредина главата, се здобил со скршеници,а лекарите морале да интервенираат со операција на мозокот во болница во Брајтон.
A care worker is in a coma in hospital after being attacked in a park in #Worthing, Sussex.
46-year-old Alan Willson was near the family home when he was set upon and knocked unconscious on Easter Sunday. His family fear he could be brain damaged. https://t.co/dtLh3uOOfR
— ITV News Meridian (@itvmeridian) April 8, 2021
Моментално е во кома и се бори за својот живот. Петмина малолетници се уапсени поради обид за убиство и нанесување на тешки телесни повреди. Четворица од нив се уапсени во неделата, а еден малолетник во понеделникот.
Сите петмина излезгле со кауција, но забрането им е да се гледаат меѓусебно и ограничено им е излегувањето.
Неговата сопруга Ени (49) рекла дека нејзиниот сопруг се бори за живот после операцијата. Таа на социјалните мрежи објави дека Ален бил „најљубезниот и најнежниот човек на светот“ и дека нивниот син е истрауматизиран од целиот настан.