Млади екологисти, волонтери во регионалниот еколошки центар ,,Еко – живот”,  организирани во еко патроли, дејствуваат за подигнување на свеста за екологијата, информираа вечерва од ,,Еко – живот”, невладина организација што постои 13 години.

– Еко патролите на младите активисти на Еко – живот се одлична можност за директна комуникација со граѓаните, за актуелните еко проблеми и размена на идеи за нивно решавање. Активноста се спроведува во склопот на CRM проектот „Одржливост на НВО преку локални акции за поздрава и почиста животна средина во општина Кавадарци и регионот“, појасни координаторот на проектот, Роберто Паризов.

Тој  нагласи дека младите се значаен потенцијал на еколошкото друштво и редовно учествуваат во бројни еколошки акции и кампањи за подигнување на еко свеста во регионот и пошироко.