Со мнозинство гласови „за“ Уставниот суд го поништи упатството на министерот за правда, Кренар Лога, за внесување на етничка графа во изводите од матичната книга на родените/умрените и венчаните издадени од Матичната евиденција, јавува ТВ 21.

Со ваквата одлука на Уставен веќе не важат изводите кои се издадени со етничка припадност и такви веќе нема да се издаваат. Но што ќе се случи со тие граѓани кои веќе извадиле документи со етничка припадност?

Од Министерството за правда денеска не сакаа да ја коментираат одлуката на Уставен суд оставајќи утре самиот министер Кренар Лога да се произнесе на брифингот што го свика со новинарите.