Најмалку 1.055 Палестинци загинаа во израелските напади врз Појасот Газа, јави агенцијата Анадолија.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека во израелските напади врз Газа од 7 октомври досега загинале 1.055 луѓе, а 5.184 се повредени.

Ситуацијата во Појасот Газа ескалира по нападите на Хамас врз израелските градови во саботата. Израел возврати со воздушни напади врз Газа.

Најмалку 1.200 луѓе загинаа во нападите од Газа врз Израел, пренесе Анадолија.