Во Израел утрово почна имунизацијата на населението, со цел да се вакцинираат околу 60 илјади луѓе дневно, или околу два милиони до крајот на јануари за да се избори земјата со епидемијата на коронавирус.

Во таа земја, прво ќе се вакцинираат здравствените работници, а потоа и оние постари од 60 години кои се изложени на висок ризик од заболување, како и државниот врв.

Вакцината прв ја прими премиерот Бенјамин Нетанјаху, во телевизиски пренос во живо, за да покаже дека вакцината е безбедна за користење и да го мотивира населението да се вакцинира. Претседателот Рувен Ривлин ќе се вакцинира денеска во болница во Ерусалим.

ВИДЕО: Нетанјаху прв ја прими вакцината против ковид-19 во Израел

Израел соопшти дека обезбедил доволно дози од вакцините на Фајзер и на Модерна за мнозинството од деветмилионското население.