Излезните анкети по вчерашните парламентарни избори во Израел покажуваат дека поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите сојузници освоиле доволно пратенички мандати. Така, националистичката и религиозна власт би се вратила на власт по три и пол години политичка стагнација. Анкетите на трите најголеми израелски телевизиски канали покажуваат дека Нетанјаху и неговите сојузници ќе имаат мнозинство од 61 од 120 пратеници потребни за формирање нова влада, пренесе АП. На овие избори, петти за помалку од четири години, конзервативната партија Ликуд на Нетанјаху е на првото место со 30 до 31 пратеник, пред централистичката партија „Да Атид“ (Има иднина) на премиерот во заминување Јаир Лапид, која е се очекува да има од 22 до 24 пратенички мандати.