Дури 177 деца од ООУ Братство Единство од Охрид се наоѓаат во изолација поради контакт со позитивни наставници, објавува Скопје 24.
Директорот на училиштето Џамал Мехмед во изјава за локалниот портал Охрид 1 вели дека во училиштето во целост се спроведуваат протоколите препорачани од комисијата за заразни болести, но поради мал ризик се одлучиле учениците наставата одреден период да ја следат онлајн.
„Станува збор за ученици од предметна настава и тоа шест паралелки од подрачното училиште во Лескајца и паралелките од шесто, седмо, осмо и деветто одделение од централното училиште, ученици кои следат настава на турски јазик“, вели Мехмед.