Италијанската полиција уапсила албански државјанин и запленила над 72 килограми кокаин и 50 илјади евра.
Според албанските медиуми, се започнало со рутинска контрола на патот на автомобил “Пежо 208” кој се движел кон Кавриаго од областа на стадионот Мапеи.
Мажот кој го управувал автомобилот не ги послушал полициските наредби да застане, што резултирало со потера од полицајците.По неколкуминутна потера, 29-годишниот Албанец веднаш бил уапсен од полицијата. При контрола на возилото биле пронајдени 30.000 евра.
Потоа проверките продолжиле во неговата куќа, во зоната на стадионот Мапеи, каде во друг автомобил во негова сопственост биле пронајдени над 72 килограми кокаин со логото „Бос“ и уште 20.000 евра во готовина.