Италија очекува да почне со вакцинација против Ковид-19 меѓу Божиќ и Нова година, изјави денеска неименуван извор од италијанската Влада.

Земјата треба да добие првични 1,83 милиони дози од вакцината на Фајзер за да почне вакцинација.

Германија, Франција, Италија и уште пет европски земји вчера најавија дека ќе го координираат почетокот на вакцинацијата против Ковид-19.

Кампањата ќе започне пред крајот на 2020 година доколку Европската агенција за лекови (ЕМА) даде зелено светло за вакцината на Фајзер и БионТек на состанокот закажан за 21 декември. (МИА)