Кевин-Принц Боатенг се откажа од својот брат Жeром кој беше казнет со 1,8 милиони евра за физички напад врз поранешната партнерка.

Жeром вчера се појави пред судот во Минхен под обвинение дека физички ја нападнал поранешната девојка Шерин Сенлер. 33-годишниот дефанзивец се паси од зарвор, но ќе мора да плати казна од 1,8 милиони евра.

Неговиот брат Кевин-Принс повеќе не сака да има ништо со него. Тој го потврди ова во интервју за Билд.

“Одамна се дистанцирав од него. Го почитувам германскиот закон и го презирам насилството врз жените. Не ги поддржувам неговите постапки и веќе немам ништо со него”, изјави Кевин-Принц Боатенг.

Браќата Боатенг ја започнаа својата кариера заедно во Херта Берлин. Многу поголема кариера постигна Жeром, кој играше и за Хамбургер, Манчестер Сити и Баерн, со кои освои апсолутно се во претходните 10 години.

Тој ги напушти Баварците ова лето и стана нов член на француски Лион пред неколку дена.

Од друга страна, Кевин-Принс е тој што отсекогаш важел за лошо момче. Играше и за великани како Милан и Барселона, но не остана никаде долго.

Браќата Боатенг играа и за различни репрезентации. Жером играше за Германија, а Кевин-Принс за Гана.