Последни подготовки во двете најголеми партии во пресрет на утрешни внатрешни избори.
Кој и да ја добие довербата од тројцата кандидати ќе продолжи да работи по веќе воспоставените принципи, во интерес на граѓаните, велат од Бихачка. Кандидати се фаворитот на Заев, Димитар Ковачевски, потоа Јован Деспотовски и Фросина Ременски.
Од СДСМ велат дека набрзо по изборите, партијата ќе го свика и Конгресот кој ќе треба да го комплетира и новото партиско раководство.
Во ВМРО-ДПМНЕ до овој момент не е пријавен противкандидат на Мицкоски. Во пресрет на утрешниот Конгрес пораки со поддршка во ВМРО-ДПМНЕ стигнаа од Европската народна партија од каде велат очекуваат нивната сестринска партија во наредните години да влезе во одлучна борба со корупцијата, да работи на економски развој и владеење на правото во насока на напредок во процесот на интеграции.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека токму тоа ќе бидат клучните точки на кои ќе се фокусира партијата по утрешниот Конгрес
Изборите на СДСМ ќе му го донесат петтиот претседател во партиската историја додека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ ќе го означи стартот на вториот мандат на Мицкоски на чело на партијата