Во Хрватска веќе во следните недели би можеле да пристигнат и до два милиона руски вакцини Спутник V.

Со руската страна веќе се е договорено во дипломатски разговори и сега преостануваат регулаторните фактори кои треба да се задоволат за руската вакцина да биде увезена во Хрватска.

Според неофицијални информации за Индекс, Хрватска нема да чека Европската агенција за лекови (ЕМА) да ја одобри руската вакцина.

Иако се очекува ЕМА да донесе одлука дури во април, хрватската Агенција за лекови и медицински производи (ХАЛМЕД) во најбрз можен рок, можеби дури и оваа недела, ќе донесе одлука за одобрување на Спутник V. За вакцината да стигне во Хрватска, Халмед ќе мора да одобри интервентен увоз. Тоа може да се направи под одредени услови.

Условот за увоз на руската вакцина е таа да нема тешки нуспојави, односно да е безбедна, но и да не постои нешто слично на пазарот. Иако на пазарот постојат слични вакцини, ги нема во доволни количини. Тоа и би требало да е главниот аргумент за интервентен увоз на Спутник V во Хрватска.

Хрватските епидемиолози предложиле увоз на една до две милиони дози на руската вакцина, но точната количина се уште треба да се дефинира, ако се задоволи процедуралниот фактор за увоз на Спутник V во Хрватска.