Во последните 24 часа, во Хрватска се пријавени 92 смртни случаи од Ковид-19 што е највисока дневна бројка на починати од почетокот на пандемијата.

Во истиот временски период регистрирани се 3.327 новозаразени со коронавирусот.

Во моментов има 294 пациенти на апарати за дишење, 34 повеќе од вчера, и 22.402 активни случаи на коронавирус.