
Познат холандски репортер кој работел на криминални случаи вчера бил сериозно ранет во Амстердам, соопшти полицијата. Питер Р. де Врис – новинар познат по тоа што зборуваше во име на жртвите на криминал – „се бори за својот живот“, им рече на новинарите градоначалникот на Амстердам, Фемке Халсема. Националниот радиодифузер НОС изјави дека тој бил нападнат неколку минути по појавувањето во ТВ-емисија. Медиумите објавија, цитирајќи очевидци, дека 64-годишниот новинар и ТВ-презентер бил застрелан пет пати, вклучително и еднаш во главата.