Грција би требало да ја отвори границата на 14 мај и да дозволи влез за граѓаните на Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или со потврда за вакцинација против Ковд 19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Advertisements
Овие информации му ги дал грчкиот министер за туризам Харис Теохарис при последниот телефонски разговор што го имале минатата недела.
Засега не се знае дали С Македонина ќе биде во групата земји за чии граѓани ќе биде допуштен влез во Грција и со негативен брз антигенски тест. Филипче рече дека за тоа се чека одлука од грчката Влада.