Германските власти уапсија вработен во Амбасадата на Велика Британија во Берлин под сомнение дека испраќал документи до руската разузнавачка служба, соопшти германското Федерално обвинителство, пренесе ДПА.
Обвинителство во соопштението наведува дека осомничениот бил уапсен вчера во Потсдам, како дел од заедничката истрага на германските и британските власти, пренесува агенцијата АП.
Уапсениот Британец бил идентификуван само како Дејвис С.
Тој работел во британската амбасада во германската престолнина пред апсењето и им предавал на Русите документи што ги добивал на работа, се наведува во соопштението на обвинителството.
За возврат тој добил непозната сума пари во готовина, велат од Обвинителството и додаваат дека истражителите извршиле претрес во неговата куќа и во канцеларијата.
Во исто време, британската полиција објави дека германските власти вчера уапсиле 57-годишен британски државјанин, како дел од заедничката истрага.