Повеќе од 600 бебиња под две години претрпеле сексуално насилство минатата година, според податоците објавени денес од Француската меѓуминистерска мисија за заштита на жените (Miprof).

Како што наведува оваа мисија, која се повикува на податоци од Министерството за здравство, минатата година 614 бебиња биле примени во здравствени установи поради сексуално насилство, што е два процента од вкупниот број жртви на овој вид насилство, објави телевизијата Bfm.

Вкупно 73.992 жртви на родово базирано и сексуално насилство биле примени во здравствени установи во 2024 година, што е за речиси 9.000 повеќе од претходната година, според најновиот годишен извештај за насилство врз жените во Франција, пренесува „Танјуг“.

Фото: принтскрин

Текстот Во Франција повеќе од 600 деца под двегодишна возраст претрпеле сексуално насилство во 2024 година, според најновите извештаи е превземен од МАКФАКС.