Четириесет и пет илјади полицајци се мобилизирани и вечерва за да г контролираат протестите што веќе шеста ноќ по ред се одржуваат во поголемите градови во Франција, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен.

На безбедносните сили им е дадена наредба да спречат секаков обид за насилство и да ги приведуваат извршителите.

Нередите во Франција избувнаа во вторникот откако 17-годишно момче беше убиено во предградие на Париз.

Во насилните протести имаше повредени демонстранти и полицајци, беа запалени автомобили и демолирани продавници и други објекти.

Само во изминатата ноќ полицијата приведе 719 лица.