Франција во последните 24 часа пријави 19.814 нови случаи на коронавирус, во споредба со 21.703 ден претходно, но таа бројка останува далеку од владината цел за помалку од 5.000 нови случаи дневно.
Француското министерство за здравство исто така пријави 281 смртен случај во болниците од последиците на ковид-19, во споредба со 277 колку што ги имаше во четвртокот, пренесува Ројтерс.
Вкупниот број на случаи во Франција во десетмесечната пандемија изнесува 2.747.135, a бројот на умрени 67.431.
Француската влада соопшти во четвртокот дека рестораните, театрите, кината и скијачките центри ќе бидат и натаму затворени, зошто вирусот се уште се шири пребрзо и болниците се под притисок.
Премиерот Жан Кастекс исто така рече дека не можат да се исклучат дополнителни национални ограничувања и дека ноќниот полициски час ќе биде продолжен најмалку до 20 јануари.
Владата оваа недела ја засили кампањата за вакцинација поедноставувајќи го процесот за побрзо да се испорачуваат инјекции откако спориот почеток на француската кампања за вакцинација, во споредба со европските соседи, го критикуваа лекарите, научниците и политичарите, наведува британската агенција.