Првиот случај на новиот вид на коронавирус идентификуван во Јужна Африка е откриен во Франција, соопшти денеска француското Министерство за здравство.
Јужноафриканскиот вид, како и британскиот, е полесно пренослив.
Според Министерството, со тој вид на коронавирус е заразен маж кој се вратил од Јужна Африка и живее во департманот Горна Рајна, во близина на границата со Швајцарија. (МИА)