Илјадници домови во северозападна Франција денеска останаа без електрична енергија откако бурата „Бела“ ја погоди областа, со ветрови од 120 километри на час.
Дистрибутерот на електрична енергија Енедис на Твитер соопшти дека повеќе од 6.000 домови останале без електрична енергија во Нормандија и околу 4.000 во Бретања. (МИА)