Ерменската федерација објави дека на арената „Храздан“ ќе биде поставен видео-бим каде навивачите ќе може да го проследат натпреварот против Македонија.

Ерменија имаше фантастичен старт во квалификациите, оваа репрезентација забележа три победи во првите три натпревари.

„Се враќа фудбалот. Драги навивачи во овие важни денови и мечеви што нѐ очекуваат, стадионот Храздан е отворен за сите, за во вистинска фудбалска атмосфера да ги проследиме важните мечеви, со Македонија и потоа со Германија. Земете шалови, облечете дресови, викнете ги пријателите и правец сите на – стадион. За вас организиравме и наградна игра, е делиме награди, дресови, маички, а и влезници за пресметката со Лихтенштајн на 8 септември“, стои во повикот на феедрацијата до навивачите.

Утрешниот натпревар против Македонија се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.