Двајца кинески државјани, кои во неделата загинаа во експлозија во близина на меѓународниот аеродром во Карачи, работеле во електрана, соопштија денеска властите.
Ројтерс објави дека тоа е еден од најсериозните напади врз кинески државјани во Пакистан откако бомбаш самоубиец уби пет кинески инженери кои работеа на хидроелектричен проект во март, што го натера Пекинг да го повика Исламабад да преземе построги безбедносни мерки.
Кинеската амбасада во Исламабад и пакистанското Министерство за надворешни работи ја опишаа неделната експлозија како „терористички напад“.
Текстот Во експлозија во Пакистан загинаа двајца кинески инженери кои работеа на електрана е превземен од МАКФАКС.