Во раните утрински часови во СВР Скопје било пријавено дека во двор на напуштена куќа во селото Арачиново, биле фрлени две шишиња со запалива материја.

Според првичните информации, едното од шишињата предизвикало експлозија, а пожарот брзо се проширил. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од роднина на сопствениците, кој го пријавил настанот.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.