Во Демир Капија денеска беа одбележани Европските денови на културното наследство, информираа попладнево од демиркапискиот Вински музеј.

Оттаму нагласија дека за културното наследство учиме од мали нозе. Со него, додадоа, се запознаваме од најмала возраст, особено ако е тука, блиску до нас, многу е важно да го посетиме и лично да се запознаеме со него.

– Така и направивме. Заедно со дечињата од големата група од детската градинка „Борис Трајковски“, со воспитачката Милица и негувателката Виолета, ги одбележавме Европските денови на културното наследство, манифестација која секоја година се случува во повеќе од 50 држави во светот, а и ние сме дел од неа со нашите активности. Оваа година под мотото ,,Живо наследство”, нашиот настан со цртеж и боја беше насловен „Да ја оживееме магијата на  кралската Вила Марија”, појаснија од Музејот.