Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, попладнево беше пуштен во употреба новоизградениот лифт, наменет главно за потребите на пациентите во Одделението за хемодијализа.
-Станува збор за донација на нашиот иселеник во САД, Рамазан Реџа, која е од големо значење за пациентите. Од мое, од име на вработените и пациентите искажувам голема благодарност. Вреди да се спомне дека во реализација на овој проект придонесоа и дебарските фирми „Дукас Компани – Миче“ и „Кораби редимикс“ кои помогнаа во уредувањето на патната инфраструктура до лифтот, изјави директорот на Болницата Јетлумт Пашоли.
Во знак на благодарност му беше врачено признание на Рамазан Реџа кое го прими неговиот брат Ајдар Реџа.
Општата болница пружа здравствена заштита за жителите на општините Дебар и Центар Жупа, а во итни случаи и оние од подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.
Иселениците од поширокиот дебарски регион во повеќе наврати ја потврдуваат нивната поврзаност со родниот крај, со дарување на апарати, униформи за медицинскиот и техничкиот персонал, инвалидски колички, кревети, ќебиња и чаршафи.























