Физички напад врз здравствен работник од млада скопјанка бил пријавен во полиција рано утринава, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска во 2:40 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, Д.Б., на возраст од 36 години од скопско Булачани, пријавила дека синоќа околу 23:15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи во својство на здравствен работник во комбе од Итна медицинска помош, била физички нападната од 24-годишната И.Д. од Скопје, појаснуваат од МВР.
По целосно документирање на слуачјот, како што истакнуваат, ќе следува соодветн поднесок.
Текстот Во Центар натепана лекарка од Итна медицинска помош е превземен од МАКФАКС.