Контингент од 5.000 дози на руската вакцина Спутник V пристигна денеска на аеродромот во Подгорица, соопшти црногорската Влада.
Вакцините ги прими црногорската министерка за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ на аеродромот, објавено е на Твитер профилот на црногорската влада.
Тоа е првата испорака од 50.000 дози обезбедени од Владата преку билатерални преговори.
Во следните неколку дена, контингент со донација од 30.000 дози кинеска вакцина Синофарм треба да замине за Подгорица.