Без маски или со спуштени маски под брадата беа најголем дел од присутните верници во црквата „Св. Недела“ во Битола каде се фрлаше светиот крст во крстилницата, известува Независен.
Од објавените фотографии се гледа дека едвај неколкумина од присутните носеле маски на лице, другите вклучувајќи ги и свештениците сите се без маски на лицето и без почитување на предвидената дистанца, констатира порталот.
Во главната соборна црква „Св. Димитрија“, чинот на фрлање на крстот беше откажан, а владиката Петар чиноначалствуваше со литургија во речиси празна црква.